ТОШИРО МУТО, ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА ИГРИТЕ
„Вакцината не е услов за одржување на ЛОИ“

Вакцината не е услов за одржување на одложените Летни олимписки игри и Параолимписки игри в година, рече Тоширо Муто, извршниот директор на Игрите во Токио, пренесе „Асошиејтед прес“. Муто зборуваше по состанокот на работната група со владини претставници, експерти за болести и јапонски олимписки претставници. Тоа е прва од неколкуте средби на високо ниво што се занимаваат со пандемијата на коронавирусот.
– Не е предуслов. Интернационалниот олимписки комитет и Светската здравствена организација веќе разговараа за оваа работа. Не е услов за испорака на Игрите во Токио во 2020 година. Вакцината не е услов. Се разбира, ако се развијат вакцини, ние навистина ќе го цениме тоа. И за Токио 2020 ова ќе биде одлично. Но ако ме прашате дали тоа е услов, тоа не е услов – рече Муто, пренесе „Асошиејтед прес“.
Состаноците на работната група во текот на следните неколку месеци ќе се занимаваат со прашања како пристигнувањето на спортистите во Јапонија, тестирањето на ковид-19, мерките за одржување безбедни спортски арени, антивирусните мерки во олимпиското село, статусот на гледачите…


ФУДБАЛ
Роналдо во потера по стотиот гол

Португалскиот фудбалски репрезентативец Кристијано Роналдо поради инфекција на прст на ногата не настапи на дуелот со Хрватска (победа на Португалија со 4-1) во 1. коло на Лигата на нациите, но се очекува да заигра на следниот дуел, утре против Шведска, на кој ќе се обиде да го постигне својот стоти гол за Португалија. Роналдо, водечки стрелец на сите времиња во Португалија и играч со најмногу натпревари, застана на 99 гола, откако постигна гол во победата со 2-0 на гостувањето кај Луксембург во нивниот меч пред десет месеци.


ФУДБАЛ – КАПИТЕНОТ ОСТАНУВА ВО БАРСЕЛОНА
Меси од денеска на тренинг

Најголемата фудбалска непознаница летово конечно се реши. Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси од денеска почнува со тренинзи во Барселона, под водство на новиот тренер, Холанѓанецот Роналд Куман. Претходно славната 10-ка ќе мора да го помине тестот за коронавирус, откако во саботата не се упати на предвидениот тренинг.
Каталонскиот клуб се очекува да го одигра првиот пријателски натпревар в сабота, против Тарагона, пишува шпанска „Марка“.
Така, барем уште една сезона Меси ќе продолжи да ја води Барселона. Потенцијалните засилувања на клубот, како што се Лаутаро Мартинез, Џорџино Вајналдум и Мемфис Депај, сега се чинат помалку веројатни од порано. Г.И.