КОШАРКА – УТРЕ КВАЛИФИКАЦIИИ ЗА ЕП 2023
Македонија ја пречекува БиХ
Неблагодарно е доколку кажам дека не сум задоволен од желбата на овие девојки, кои го оставија срцето на терен во првото полувреме. Хендикепот под кошевите и физичката (не)подготвеност го даде своето во второто полувреме. Сепак, нема место за алиби. Кошарката се игра 40 минути и доколку сакаме да сме во рангот со најдобрите ќе мораме да бидеме самокритични. Евидентен беше недостигот, особено во рекетот на Девана Бонер и на Наташа Кметовска, но одиме понатаму. Се надевам дека ќе можеме да сметаме на нив за мечот со БиХ, изјави македонскиот селектор Александар Ашаданов, по поразот со 41-73 од Германија во Хале, во првото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2023 година во Словенија и во Израел.
Утре во СРЦ „Кале“ (19 ч.) во Скопје, Македонија ќе игра со БиХ (досега има три настапи на ЕП, најдобро на ЕП 2021, петта), која во првиот меч, дома, во неизвесен меч ја совлада Белгија со 87-81. На ЕП ќе играат првите селекции од секоја од 10-те групи и најдобрите четири меѓу второпласираните. Г.И.
ФУДБАЛ
Барди петти репрезентативец со хет-трик
Енис Барди е петтиот македонски фудбалски репрезентативец што постигнува три гола (хет-трик) на еден меч за Македонија, откако трипати ја затресе мрежата во победата над Ерменија со 5-0, на гости во квалификациите за пласман на Светското првенство (СП) в година во Катар. Прв на оваа листа се запиша Бошко Ѓуровски (во 1994 година, со Кипар, дома, 3-0, квалификации за Европското првенство во 1996 година). Потоа хет-трик постигнаа Дејви Главевски (1996-та, со Лихтенштајн на гости, 11-1, квалификации за СП 1998), Артим Шаќири (2002 година, пријателски меч на гости со БиХ, 4-4) и Александар Трајковски (2015-та, тест-натпревар дома со Црна Гора, 4-1).
Втора највисока победа на гости
Македонската фудбалска репрезентација ја забележа втората највисока победа на гости, со триумфот со 5-0 на мечот со Ерменија. Убедливо највисок е триумфот од ноември 1996 година, над Лихтенштајн со 11-1. Трета на оваа гостинска листа е победата од пред еден месец над Лихтенштајн со 4-0. Трите победи се во мечеви од квалификациите за светските првенства, а победи на гости со по четири постигнати гола Македонија има во неколку пријателски средби, со Словенија, Луксембург (на двата меча 4-1), Естонија (4-2)…
Петти меч на кој Македонија постигна два гола од пенал
Во победата над Ерменија со 5-0 во квалификациите за пласман на Светското првенство (СП) в година во Катар македонската репрезентација постигна два гола од пенал и тоа е 30-от натпревар во кој Македонија постигнува барем еден гол од 11 метри. Наедно тоа беше и петтиот натпревар на кој Македонија реализира два пенала. Претходно тоа се случи на средбите со Словенија (4-1), Република Ирска (3-2), Канада (3-0) и со Ерменија (2-1).
Рекорд на Флик – шест победи по ред со Германија
Германија го победи Лихтенштајн (9-0), а Ханс Дитер Флик си обезбеди место во фудбалската историја на својата земја како прв селектор што победил на првите шест натпревари во низа откако ја презел функцијата. Претходно најдобар старт како селектор на Германија имаше неговиот претходник, Јоаким Лев, кој ги доби првите пет натпревари, пред ремито со Кипар во 2006 година. Лев годинава се повлече по 15 години на чело на репрезентацијата. Л.Д.