По трите изборни натпревари во кајак спринт и класик на дива вода на реката Вардар во Скопје и во Велес, познати се тројцата кајакари, членови на репрезентацијата на Македонија за претстојните натпревари сезонава. Тоа се Љубомир Спасиќ, кој беше најдобар на изборните натпревари, потоа Александар Златаров и Енис Небиовски, сите членови на ККК „Арка-Борец’ од Белес.
Тие најпрвин ќе настапат во Завидовиќи, БиХ, на 21 март и во Чачак, Србија, на 3 април, потоа и на други митинзи, а треба да ја претставуваат Македонија на Европското првенство и на Светското првенство во Шпанија и во Словачка, во август и во септември, како и на натпреварите во рамките на Европскиот и Светскиот куп.
На изборите натпревари се истакна на младиот, 15-годишен Кристијан Лазаров, кој настапи меѓу сениорите и забележа солидни пласмани.