Диви свињи Скопје и Мечки Приштина го одиграа првиот рагби натпревар во Македонија, во саботата во Скопје. По 80 минути игра, крајниот резултат беше 22-12 во полза на гостите од Приштина.
Низ целиот натпревар, резултатот беше израмнет, меѓутоа поголемото искуство на гостите од Приштина беше пресудно за тие да го решат мечот во нивна корист.
Натпреварот помина во одлична атмосфера, помогната од околу 200 гледачи, помеѓу кои беше и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој важи за голем поддржувач на тимот од неговото создавање.
Сите членови на Скопје Диви Свињи добија можност да настапат и да бидат дел од историјата на спортот во Македонија. По макотрпна работа и тренирање натпреварот претставуваше убав крај на полусезоната и почеток на кратката пауза од тренинзи.