Зоран Михајлов
специјално од Доха за „Нова Македонија“

Светската рекордерка Беатрис Чепкоеч од Кенија супериорно триумфираше во трката на 3.000 метри стипл на Светското првенство во атлетика во Доха, со трет резултат на сите времиња – 8:57,65 минути. Среброто и припадна на Ема Кобурн од САД, а бронзата на Геза Краузе од Германија.

Интересна беше и трката на 800 метри за жени, во која по многу промени на челната позиција на крајот најбрза беше атлетичарката од Уганда Халимах Накаји со време од 1:59,04 минути. Втора низ целта мина Амероканката Ревин Роџерс, а трета нејзината сонародничка Aџи Вилсон.
 
Според очекувањата, најдобрата атлетичарка во последниве сезони во скок во височина Русинката Марија Ласицкене, која поради суспензијата на руските атлетичари настапува како независен спортист, триумфиташе во својата дисциплина со скок од  2.04. Втора беше Јарослава Махучик од Украина со ист резултат но послаба серија, а трета Вашти Канингам од САД со резултат од 2.00 метри.