Актуелниот светски првак, Французинот Аксел Рејмонд победи на Ултра маратонот на 25 километри, што се одржа денеска на Охридското Езеро. За Рејмон ова е втор триумф во Охрид, откако победи и на трката во 2013 година.
Втората позиција на маратонот му припадна на македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев, а трет беше минато годишниот победник Франческо Џетини од Италија.