Пилотот на Алфа Ромео, Кими Раиконен прокоментира за медиумите како се одвива неговата адаптацијата во новиот тим по неговото доаѓање од Ферари.
– Ова е уште еден тим, но јас не можам да кажам дека тој е подобар или полош. Работиме заедно, сè тече непречено и во ред, нормално е. Кога сум зад воланот, не чувствувам разлика. При промена на тимовите секогаш има сомнежи, очекувањата се дека е тешко да се постигне посакуваното, но во овој случај преминувањето помина лесно. Имаме одличен тим. Во Алфа Ромео нема толку луѓе како во Ферари, но сите се одлични и се оди добро, изјави пилотот на Алфа Ромео.
Кими Раиконен и Антонио Џовинаци, кои се новата пилотска двојка на тимот, се претставуваат солидно на предсезонските тестови во Барселона,каде на неколку наврати дадоа и најбрзи времиња на патеката „Каталуња“.