Зоран Михајлов
специјално од Доха за „Нова Македонија“
Во последната дисциплина од синоќешната програма на Светското првенство во атлетика во Доха, на трката на 400 метри со пречки, домаќините доживеаја голема радост. Нивниот репрезентативец Абдерахман Самба го освои првиот, а можеби тоа ќе биде и единствен медал за земјата домаќин на првенството.
Тој мина трет низ целта и се закити со бронзениот медал,додека големиот фаворит во оваа трка Карстен Вархолм од Норвешка со постигнување од 47,42 секунди го освои првотоо место. Реј Бенџамин од САД беше втор.