Поради пандемијата на коронавирусот, натпреварите во пинг-понг во Македонија се прекинуваат, сезоната е завршена. Ставовите на раководството на Пингпонгарската федерација на Македонија (ППФМ) и Собранието на клубовите на својата последна седница ги потврди Управниот одбор на ППФМ.
Федерацијата заедно со Собранието на клубови донесе одлука да нема испаѓање од лигите. Суперлигата за сезоната 2020/2021 ќе има 10 екипи, додека сите првопласирани екипи (според моменталната ситуација) на табелите од регионалните лиги, следната сезона ќе се натпреваруваат во Првата лига. Преодниот рок, наместо во вообичаениот термин во јуни, поместен е во периодот од 1 до 25 август. Од сезоната 2021/2022, Суперлигата повторно ќе има осум екипи.
– Поединечните државни првенства ќе се одржат во септември, за кога е планиран и почетокот на новата сезона. Нема да се одржат ни завршните топ-турнири на кои учествуваат најдобрите пингпонгари и пингпонгарки годинава, но затоа, пак, на сите клубови, без разлика во која лига играле, им се овозможува да учествуваат во соодветните натпреварувања во рамките на европските купови – пишува, меѓу другото, во соопштението од ППФМ.