Хидилин Дијаз ќе биде запишана во историјата на Филипините, откако го донесе првото олимписко злато во историјата на нацијата со над 100 милиони жители, и за тоа ќе биде добро наградена од својата земја.
Дијаз, која служи во Воздухоплоството на Филипините и живее во Малезија поради пандемијата на КОВИД-19, освои злато во кревање товар во категоријата до 55 килограми со последното кревање, победувајќи ја светската рекордерка, Кинеската Лиао Киујун.
Дијаз освои сребро во Рио во категоријата до 53 килограми, за да го освои првиот олимписки медал за Филипините по пауза од 20 години, но во Токио влезе во историјата. Таа ќе добие 33 милиони филипински пезоси за победата (над 500.000 евра), како и куќа. Нејзиното злато беше само 11 медал во историјата на Филипините, кои настапуваат на Олимпијадите од 1924 година.
– Сакам да порачам на младата генерација на Филипините: ‘И вие може да сонувате за овој златен сон’. Така и јас започнав – изјави Дијаз.