ТЕНИС
Британската тениска ѕвезда Енди Мареј го заврши својот настап на Отвореното првенство на САД, откако по речиси петчасовна неизвесна средба го загуби дуелот од 1-то коло од грчкиот тенисер Стефанос Циципас, со 3-2 во сетови (2-6, 7-6, 3-6, 6-3, 6-4). За Британецот, кој 15-ти пат игра на САД опен, ова беше прво испаѓање во 1-то коло.
Првиот натпреварувачки ден на терените во Њујорк беше последна станица и за шестмина носители, меѓу кои Џон Иснер (19-ти), Хуго Хуберт (23-ти), Камерон Норие (26-ти), Алехандро Давидович Фокина (29-ти), Марин Чилиќ (30-ти) и Филип Крајиновиќ (32.). Кај девојките, по првиот натпреварувачки ден на САД опен, испаднаа три носителки, од кои две поради повреди, Џенифер Бради (13-та) и Јелена Остапенко (27.), а Јулија Путинтсивеа (31.) го загуби дуелот во 1-то коло.