Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб.

– Имаме право да дишеме. Стоп за корона-теророт. Поддршка за Новак од Хрватска – пишува на транспарентот.

 

Поддршката од Загреб доаѓа во момент кога најдобриот светски тенисер се наоѓа под жестоки критики откако коронавирусот влезе на „Адрија тур“ чии организатор е Ѓоковиќ.

Пред две недели турнејата беше прекината во Задар откако Григор Димитров објави дека е заразен со коронавирусот.

Подоцна позитивни тестови имаа Борна Чориќ, Виктор Троицки кој играше во Белград, а не беше во Задар, тренерите на Ѓоковиќ и Димитров. По враќањето во Белград позитивни на Ковид-19 беа Ѓоковиќ и неговата сопруга.

Во меѓувреме Ѓоковиќ објави дека неговиот последен тест бил негативен.