ТЕНИС
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа имаше успешен почеток на турнирот во Мадрид (Шпанија, се игра на тврда подлога, со награден фонд од 25.000 долари), откако во првото коло ја совлада Викторија Морвајова од Словачка со 6-3, 7-6. Во второто коло, во натпревар од осминафиналето, денеска Ѓорческа треба да се сретне со петтата носителка на турнирот, Шпанката Андреа Лазаро Гарсија. Ѓорческа славеше во првото коло и во конкуренција на двојки, заедно со Бразилката Лаура Пигоси, како први носителки на турнирот, против Лаура Марти од Шпанија и Марија Наваро Олива од Мексико со 6-0, 6-3. Мечот од второто коло, за пласман во полуфиналето во двојки, на програмата беше синоќа.