ТЕНИС

Откажувањето на тенискиот турнир Вашингтон опен нема „во никој случај“ да влијае на гранслем-турнирот САД опен, кој следниот месец треба да се игра без публика, велат во Тениската асоцијација на САД, пренесе „Би-би-си“. Продолжувањето на сезоната на турнирите за мажи е потиснато за подоцна во август, откако турнирот во Вашингтон беше откажан поради пандемијата на коронавирусот.

Тој турнир требаше да почне на 13 август. Синсинати опен и САД опен треба да се играат во Њујорк од 20 август, односно од 31 август. Тениската асоцијација на САД вели дека одлуката за одржување на овие настани се заснова врз здравјето и безбедноста, интересот на спортот и финансиската одржливост.

Тениски турнири во организација на АТП (мажи) и на ВТА (жени) не се играат од март. ВТА-турнејата е предвидено да продолжи со турнирот во Палермо од 3 август, со што се одбележува враќањето на тенисот на највисоко ниво, откако професионалните турнири беа суспендирани поради пандемијата на коронавирусот.