Британскиот натпревар во стреличарство што има натпреварувачка традиција повеќе од 300 години, првпат е откажан по 40-тите години на минатиот век, тогаш поради Втората светска војна. Турнирот наречен „Античка сребрена стрела“ требаше да се одржи во Северна Англија в сабота, по 312-ти пат, но е откажан поради актуелната пандемија на коронавирусот.
Организаторите го опишуваат овој турнир како најдолго воспоставен и најстар забележан спортски настан во светот, кој датира од 1673 година (Здружението на стреличари таа година било основано, за одржување на оваа вештина), а не се одржувал само за време на војна.
Во соопштението на интернет-страницата за настанот, се вели дека по 348 години одржување овој турнир е откажан поради појавата на коронавирусот. Неговото повторно одржување треба да се случи во 2021 година.
Натпреварот е отворен за секој стреличар постар од 21 година што знае да ракува со лак и стрела. На турнирот не се дозволени современи сложени лакови.