Вимблдон

Организаторите на тенискиот турнир Вимблдон ќе добијат 114 милиони евра обесштетување од осигурителна компанија, поради откажувањето на турнирот што дојде како последица на пандемијата на коронавирусот, пишува британски „Тајмс“. Организаторите на турнирот објавиле дека 23 милиони евра од тие пари ќе ги распределат за клубовите, судиите, играчите и за сите инволвирани во тенисот што се погодени од кризата поради ширењето на коронавирусот. Вимблдон треба да добие обесштетување бидејќи имал полиса со таква клаузула, од 2003 година, кога на светот му закануваше вирусот САРС.