Новите датуми за двете натпреварувања ќе бидат дополнително објавени. Сезоната 2020/2021, која е 104-та по ред, е планирано да почне на 1 јануари

ХОКЕЈ НА МРАЗ – НХЛ-ЛИГА

Пандемијата на коронавирусот ја направи спортската сезона многу тешко одржлива, така што ништо не е можно однапред да се планира со сигурност. Сето ова придонесе со месеци многу натпреварувања да бидат одложени или во краен случај и откажани речиси во целиот свет.
За првата солуција се реши и раководството на американско-канадската хокеарска лига НХЛ, откако беше принудено да одложи два големи спортски настани. Првиот е т.н. зимска класика, натпревар под отворено небо, кој беше планиран на првиот ден од новата 2021 година помеѓу Минесота и Сент Луис во Минеаполис, а вториот е натпреварот на сите ѕвезди (кој, како и кошаркарскиот меч на НБА, е многу популарен), а требаше да се одржи на Флорида, кон крајот на јануари.

– Поради неизвесноста кога ќе можеме да им посакаме добредојде на нашите гледачи на натпреварите, сметавме дека разумна одлука во ова време е да ги одложиме овие прослави до 2022 година, кога гледачите треба да можат да уживаат и да ги слават овие настани. Разгледуваме и неколку нови и креативни настани што ќе ѝ овозможи на публиката да се вклучи во нашите игри и тимови во текот на претстојната сезона – изјави заменик-претседателот на НХЛ, Стив Мајер.
Новите датуми за двете натпреварувања ќе бидат дополнително објавени. Сезоната 2020/2021, која е 104-та по ред, е планирано да почне на 1 јануари в година, а титулата ја брани екипата на Тампа Беј Лајтнинг, чиј капитен е Канаѓанецот со македонско потекло Стивен Стамкос.