Екипата на Струмица ја одбрани шампионската титула во одбојка откако во четвртиот меч од финалната серија попладнево во Скопје го совлада Вардар со 3-2.
Вардар ги освои првиот и третиот сет со 25-21 и 25-22, додека вториот и четвртиот им припаднаа на одбојкарите од Струмица со идентични 25-20. Петтиот решавачки сет го добија гостите.
Финалната серија почна со победа на Вардар, но Струмица, сепак ја потврди својата доминација во домашната одбојка и постигна три победи во низа за да слави со 3-1.