ХОКЕЈ НА МРАЗ

Александер Овечкин (35), хокеарот на Вашингтон капиталс, постигна гол во продолжението на мечот против Бостон бруинс (4-3), и за него тоа беше 708-от погодок во американско-канадската хокеарска лига (НХЛ), со што се израмни со Мајк Гартнер на седмото место на листата на најдобри стрелци. Гартнер поголемиот дел од 19-годишната кариера го помина во Вашингтон, во 80-тите години од минатиот век. Пред нив сега на листата најдобри стрелци во НХЛ е поранешната ѕвезда на Бостон во 1970-тите години, Фил Еспосито, со 717 гола. Од првото до петтото место се легендарниот Вејн Грецки (894 гола), Горди Хау (801), Јаромир Јагр (766), Брет Хал (741) и Марсел Дион (731).