Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека невакцинираните тенисери мора да поминат во задолжителен 15-дневен карантин поради пандемијата доколку сакаат да играат на гранслем-турнирот Австралија опен, објавија медиумите во светот.
– Истите правила важат за сите, без разлика дали се работи за победник на гранслем, премиер, деловен патник, студент или кој било друг – изјави Морисон.
Од друга страна премиерот на австралиската сојузната држава Викторија, Даниел Ендрјус најави дека неговата влада нема да им дозволи влез на невакцинираните држави
Првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ одби да открие дали е вакциниран. Претходно, Алекс Хок, австралискиот министер за миграција и мултикултурни прашања, изјави дека Ѓоковиќ мора да прими две дози од вакцината доколку сака да ја одбрани титулата на Австралија опен. Според него, ваквата одлука не се однесува само на тенисерите, туку и на сите луѓе кои сакаат да дојдат во Австралија.
Ѓоковиќ е деветкратен победник на турнирот во Мелбурн, а следното издание на ова натпреварување е закажано од 17 до 30 јануари следната година.