Светската фудбалска федерација ја зголеми старосната граница од 23 на 24 години, за машкиот фудбалски турнир на презакажаните Летни олимписки игри во Токио. Изменетото правило ја задржува оригиналната одредба во однос на составот на екипите, кои се базираат на играчи родени од 1 јануари 1997 година, но поради презакажувањето на Игрите за 2021 година, и на постарите играчи ќе им биде дозволено да учествуваат. Фудбалскиот турнир на Игрите треба да почне пред церемонијата на отворањето, на 23 јули в година во Токио.
Во 16-те репрезентации ќе можат да настапат и по тројца повозрасни играчи од 24 години, за разлика од женските селекции, каде што нема старосна граница. На машкиот турнир ќе настапат бранителот на титулата Бразил, потоа Аргентина, Франција, Германија, Шпанија, Романија, Нов Зеланд, Египет, Брегот на Слоновата Коска, Јужна Африка, Австралија, Саудиска Арабија, Јужна Кореја и домаќинот Јапонија.