Австрискиот тенисер Доминик Тим го совлада Рафаел Надал со 2:0 во сетови (7:5; 6:3) и обезбеди пласман во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид.
Тим го изненади шпанскиот тенисер и го елиминираше од турнирот, прекинувајќи ја неговата доминација на земјена подлога.
Австриецот покажа сигурна и агресивна игра, особено во вториот сет.
Надал немаше решение за разиграниот Тим, кој дојде до третата победа во нивниот седми меѓусебен натпревар.
Во полуфиналето австрискиот тенисер ќе се соочи со Кевин Андерсон кој го совлада Србинот Душан Лајовиќ.