ФОРМУЛА 1
За да ги направи уште поинтересни и повозбудливи трките во најбрзиот автомото-спорт, Формула 1 воведе награда за возачот што ќе има најмногу престигнувања во една сезона. По 11 трки сезонава, најмногу престигнувања засега има Германецот Себастијан Фетел.
– Оваа награда, прва од ваков вид, е дизајнирана да ја прослави храброста што ја покажуваат возачите во смелите маневри за да успеат да се пробијат до врвот – се вели во соопштението од Формула 1.
Во 2019 година, Формула 1 воведе дополнителен еден бод за возачот што ќе го има најбрзиот круг на една трка, а претходно и за возачите со најбрзи кругови во сезоната.