АКК Рено Спорт Скопје заедно со Лема Расинг денес ја одржаa првата трка од финалниот викенд на Македонското Renault Twingo CUP првенство во Гробник, Хрватска.
Двајца натпреварувачи на Renault Twingo CUP се најдоа во првите 10 и тоа: Марко Блажевски кој беше седми во генералниот пласман, а се покажа како најдобар во македонскиот Twingo CUP.
Второто место пак му припадна на победникот за оваа втора сезона – Давид Малинковски, додека пак трет по пласман е младиот Мартин Костовски.
Пласманот на останатите македонски возачи е по следниот редослед:
Зоран Мираковски е 19, Ангелче Стојковски – 21, Слободан Трајковски 22 и Емил Нацка 23, додека пак Владимир Тренески и Ненад Костовски не влегоа во класификацијата за бодови.
Следната финална Twingo CUP трка може да ја следите на следниот линк:
TWINGO CUP powered by Glaso 2021 – Round 9 – Automotodrom Grobnik – YouTube