Македонската репрезентација (1.871 рејтинг-поени, рангирана 12-та пред турнирот), на 16. Шаховска олимпијада (ШО) за слепи и слабовидни играчи во Грција, во 5-то коло загуби од Бугарија со 1-3 (рангирана 18-та, 1.781).

Жарко Селковски (1.994), на првата табла со црни фигури загуби од ИМ Расим Низам (2.143), Зоран Костадиновски (1.928) го победи Љубомир Иванов (1.783), Блаже Атанасовски (1.794) загуби од Тодор Георгиев, а Трајче Димов (1.766) од Петко Матев (1.758).

Во 6-то коло Македонија утре ќе игра со Литванија, која пред ШО беше рангирана 17-та (1.712). По пет од предвидените девет кола, Македонија е на 15-то место со четири бода (осум поени по табли), со две победи и три пораза. Води Русија со 10 бода (17), пред Полска со осум (14), Индија со осум (11,5).

Г.И.