АТЛЕТИКА
Светскиот рекордер во десетобој, Французинот Кевин Маер е победник во „Ултимејт гарден фајт“ (натпревар од својот двор), натпреварување на далечина, организирано од Светската атлетика (СА), пренесе германски „Спорт 1“. Дел од овој натпревар беа и актуелниот светски шампион во десетобој, Германецот Никлас Каус, и вицешампионот од Светското првенство, Мајкл Уибо од Естонија. Триото се бореше во виртуелна конкуренција на три различни локации. Каул бил вклучен од тренинг-центарот во Мајнц, Германија, Маер од Монпелје, Франција, а Уибо од Клермон, Флорида.
Во дисциплината скок со стап на висина од четири метри, во која натпреварувачите требаше да направат што повеќе прескоци во рок од 10 минути, прв заврши Маер со 17 прескокнувања, втор беше Уибо со 15, а трет Каус со 14. Во фрлање ѓуле за време од 10 минути натпреварувачите требаше што е можно повеќепати да го погодат кругот на раздалеченост од 12 метри, а повторно најдобар беше Маер, со 28 успешни обиди, пред Каус со 22 и Уибо со 20. Во последната тркачка рунда, во која натпреварувачите претрчуваа должина од 20 метри за време од пет минути, како победник заврши Каус со 27 повторувања, а Маер и Уибо направија по 26. Според вкупниот број бодови, во кој се собира бројот на повторувања во секоја од дисциплините, прв заврши Маер со 71 бод, Каус е втор со 63, а 61 освои Уибо.