Двете победи во 2-то коло во убав стил ги остварија Каруана против Алексенко и Вашер-Лаграв против Лирен
Американецот Фабиано Каруана (2.842 рејтинг-поени) и Французинот Максим Вашер-Лаграв (2.767) забележаа убави победи во 2-то коло на Турнирот на кандидатите за предизвикувач на светскиот првак во шах, во рускиот град Екатеринбург, и со тоа им се придружија на врвот на Русинот Јан Непомнијашчи (2.774) и Кинезот Хао Ванг (2.762), сите со по 1,5 поен.
Љубителите на шахот уште од самиот почеток не можат да се пожалат на квалитетот на овој врвен турнир, кој се игра кога речиси секоја друга спортска манифестација во светот е откажана. Засега големо изненадување претставуваат двата стартни пораза на еден од главните фаворити за првото место, Кинезот Динг Лирен (2.805), уште повеќе ако се знае дека тој не загуби ниедна партија на претходниот ваков турнир во Берлин (2018).
Двете решавачки победи завршија во рок од неколку минути, а Каруана и Вашер-Лаграв до нив стигнаа мошне убедливо. Првиот против Русинот Кирил Алексенко (2.698) со продорен напад, а вториот против Лирен во одлично одиграна позициска партија, во која повторно за Кинезот беше кобна ф-линијата. Во 1-то коло тоа беше потегот ф2-ф4, а во второто ф7-ф5. Во преостанатите две партии, Ванг ремизира против Холанѓанецот Аниш Гири (2.763), иако имаше пион повеќе, додека Русите Јан Непомнијашчи и Александар Гришчук (2.777) во 40-от потег во еднаква позиција. Победникот ќе биде познат по одигрувањето на 14-то коло и ќе го предизвика светскиот првак, Норвежанецот Магнус Карлсен.
Табела по 2-то коло: Каруана, Непомнијашчи, Вашер-Лаграв и Ванг сите со по 2 поена, Гришчук 1, Гири и Алексенко по 0,5 и Лирен 0. . . . . .