Легендарниот австралиски тенисер Род Лејвер смета дека Роџер Федерер не е фаворит за титулата на Ју-Ес опен.
Иако Лејвер е познат како голем поддржувач на швајцарскиот тенисер, сепак пред Гренд слем турнирот во Њујорк предност им даде на Рафаел Надал и на Новак Ѓоковиќ.
– Ју-Ес опен е напорен турнир, а Федерер сепак има 37 години. Тој е подготвен, но видовте што се случи во Синсинати. Поради временската состојба мораше да игра два натпревари еден по друг. Тогаш се виде дека Ѓоковиќ играше подобро, а Федерер не можеше да држи ритам – истакна 80-годишниот Лејвер.
Според австралискиот тенисер на турнирот може да изненади аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро.
– Тој има свој стил и е неверојатно добар играч – потенцира Лејвер.
Ју-Ес опен почнува на 27 август, а трофејот го брани Надал.