Во момент кога речиси сите спортски настани во светот се суспендирани или одложени поради пандемијата на коронавирусот, пилотите на Формула 1, сепак, решија да возат, но на виртуелна патека. Возачот на Ферари, Чарлс Леклерк, славеше на втората таква трка во Формула 1 на е-патеката во Мелбурн (Австралија), на која настапиле шест актуелни возачи во Формула 1.
Пред трката имало и квалификации, а трката се состоела од 29 круга (пренос, меѓу другите, имало и на официјалната интернет-страница на Формула 1). На своето деби на конзолата, Леклерк оствари беспрекорна победа и успеа да ги демонстрира своите вештини и во е-спортот. На втората позиција заврши возачот на Формула 2, Кристијан Лундгард, а трет беше Ф1-пилотот на Вилијамс, Џорџ Расел. По трката, Леклерк изјавил дека тој за оваа трка се подготвувал осум дена со возење на Ф1 2019, по пет часа на ден.