По седмото коло со по 4,5 поени на врвот се Ван Форест, Гири, Каруана и Фирузја
ШАХ – ТУРНИР ВО ВАЈК АН ЗЕ
Џорден Ван Форест, Аниш Гири, Фабијано Каруана и Алиреза Фирузја водат со по 4,5 поени по седмото коло (се играат вкупно 13) на 89-то издание на шаховскиот турнир во Вајк ан Зе (Холандија), со силина од 21. категорија (2.725 поени просечен рејтинг на играчите), откако Гири го совлада дотогаш водечкиот Нилс Гранделиус (во 39. потег), во сицилијанска одбрана.
Првиот фаворит, светскиот првак Магнус Карлсен го забележа и шестото реми (30. потег), овој пат против Пентала Харикришна, притоа не создавајќи ни шанса за победа. Во следното коло ќе игра со Андреј Есипенко, кој, пак, ја постигна својата прва победа, против Радослав Војташек. Победи остварија и Каруана против Максим Вашер-Леграв, Ван Форест против Ариан Тари и Фирузја над Јан-Кшиштоф Дуда, а ремизираа Давид Гуљаро и Александар Дончанко.
Табела по 7. коло: Ван Форест (2.671 рејтинг-поен), Гири (2.764), Каруана (2.823), Фирузја (2.749) по 4,5 поени, Харикришна (2.732), Есипенко (2.677), Карлсен (2.862), Гранделиус (2.663) по четири, Војташек (2.705) три, Вашер-Леграв (2.784), Тари (2.625), Гуљаро (2679), Дуда (2.743) по 2,5, и Донченко (2.668) два поена.