ШАХ
Два традиционални турнира во организација на ШК Сент Луис (САД) ќе се одржат преку интернет (поради пандемијата на ковид-19) идниот месец, наречени „Пресметка на шампионите“, и тоа Шах 960 (11-13 септември) и во забрзан и во брз шах (15-19 септември).
На првиот секој ќе игра со секого, што значи дека 13-от светски првак во историјата, Русинот Гари Каспаров, и актуелниот шампион, Норвежанецот Магнус Карлсен, ќе се сретнат на официјален настан првпат по 2004 година.
Каспаров еден период му беше и тренер на Карлсен. Ова ќе биде историски судир во Шах 960, оти двајцата светски шампиони веќе се соочија во забрзан и во брз шах во 2004 година во Рејкјавик, кога Карлсен (тогаш 13 години) го запозна Каспаров (41), една година пред Каспаров да замине во шаховска пензија. Со белите фигури Карлсен го натера Каспаров добро да се испоти за реми, но вкупно Карлсен загуби со 0,5-1,5 во брз и со 0-1 во забрзан шах.