Агенцијата за млади и спорт (АМС) на Македонија традиционално, на пригодна церемонија, ги прогласи најдобрите спортист(к)и на Македонија за 2020 година.
Признанието за најдобра спортистка го доби каратистката Вероника Костовска, а за најдобар спортист, фудбалерот Горан Пандев, капитенот на македонската репрезентација.
Добитници на другите награди по категории се:
Најуспешен тренер/селектор: Игор Ангеловски (селектор на македонската фудбалска репрезентација)
Најуспешна федерација: Фудбалската федерација на Македонија
Најуспешен национален тим: Македонската фудбалска репрезентација
Најдобра млада спортистка: Магдалена Божиновска (карате)
Најдобар млад спортист: Роберто Ацковски (карате)
Најуспешен спортист за лица со инвалидитет: Владимир Тркаљанов (шах)