Меѓународната џудо федерација (ИЏФ) лансираше мрежна платформа, „ИЏФ ФИТ“, со цел целата џудо заедница да добие можност да тренира, да влезе во форма и да се предизвикува на сите нивоа.
„ИЏФ ФИТ“ се состои од низа динамични и оригинални фитнес предизвици изведени од шампиони во џудо, поттикнувајќи ги сите спортисти да учествуваат и да се натпреваруваат со себе, со пријателите или со спортистите на сите возрасти ширум светот.
Платформата може да се најде на следниот линк.
Македонската џудо федерација (ЏФМ) ги повика сите џудо клубови во Македонија да ја промовираат оваа ииницијатива и активно да се вклучат и да се натпреваруваат.
Дописот за иницијативата беше испратен од претседателот на ИЏФ Мариус Визер до претседателот на ЏФМ Владимир Трпаноски.