Игор Стефановски – Иџе не ја заврши втората трка на „Пол Рикар“ во Франција, дел од „ТЦР“ шампионатот, откако излета од патеката.
По обидот за претекнување на еден од конкурентите, Иџе ја изгуби контролата над неговиот автомобил, се излизга и удри во заштитната ограда, а автомобилот претрпе сериозни оштетувања.
По инцидентот следеше „црвено знаме“ и прекин на трката со цел расчистување на патеката од парчињата од неговото Хјундаи.
За македонскиот автомобилист ова беше втора трка во „ТЦР“, откако на вчерашната, која исто така се возеше на „Пол Рикар“, тој ја заврши на седмото место.