Шведскиот фудбалски интернационалец, Златан Ибрахимовиќ (38), во родниот Малме ќе добие статуа висока 3 метри и тешка речиси 500 килограми. Статуата ќе биде поставена на 8 октомври на плоштадот меѓу новиот и стариот фудбалски стадион во градот.
– Статуата засекогаш ќе биде голем доказ за почитта кон најголемиот шведски и воедно еден од најголемите играчи во историјата на фудбалот – велат од градската управа во Малме.
Фудбалерот, кој моментно ги брани боите на ЛА Галакси во МЛС-лигата во САД, не го криеше воодушевувањето поради идејата на градот да му оддаде признание.
– Среќен сум со одлуката статуата да се постави во Малме, на тоа се надевав од првиот момент. Малме е местото каде што сè почна и каде што го оставив моето срце – рече Ибрахимовиќ.
Статуата jа работи Петер Линд, а интересно е тоа што ова не е прва статуа посветена на шведски фудбалер. Претходно, во градот Хелсингборг својата статуа доби ексшведскиот фудбалер Хенрик Ларсон.