Во најдраматичната трка сезонава полна со контроверзни одлуки и казни, возена во Саудиска Арабија, победи Хамилтон и со тоа се израмни со Ферстапен по бројот на бодови
ФОРМУЛА 1
Последната трка од сезонава во Формула 1, која ќе се вози следната недела во Абу Даби (ОАЕ), ќе го даде годинашниот победник во Формула 1. А таму со ист број бодови ќе се соочат Луис Хамилтон и Макс Ферстапен. По серијата инциденти во текот на крајно возбудливата трка, Хамилтон успеа да го победи Холанѓанецот и да се израмни на врвот во генералниот пласман. Врвот на дуелот, кој првпат се возеше во Саудиска Арабија, се случи во 38-от круг, кога двајцата возачи се судрија. Холанѓанецот потоа се обиде да го спречи противникот за да го заобиколи, а потоа доби препорака да го пушти. Но кога го направи тоа, Хамилтон изненаден од наглото кочење удри одзади во неговиот болид, за што ФИА го казни Ферстапен со 10 секунди (претходно и со дополнителни пет). Левото крило на Мерцедес беше оштетено, а последното претекнување се случи во 43-от круг, па Британецот ја заврши трката со 16 секунди предност и ја оствари 103-та победа во кариерата.
Драмата ќе го достигне својот врв дури во Абу Даби, кога ќе биде последната пресметка меѓу нив двајцата.
Трет беше вториот возач на Мерцедес, Финецот Валтери Ботас.