КОЊИЧКИ СПОРТ – ТУРНИР ВО САМОБОР

Македонските натпреварувачи во коњички спорт, Лука Заложник и Леонида Гроздановска, постигнаа голем успех освојувајќи две злата и едно сребро на меѓународниот турнир во Хрватска, „Куп на град Самобор“. Во македонскиот состав настапи и Сиља Дуковска, а натпреварувањето се одвиваше во коњичкиот центар „Етно фарма Мирновец“, во конкуренција на 198 натпреварувачи од шест држави.

Заложник со грлото „Корадо“ во натпревар со висина на пречките од 1,3 метар го освои првото место. Гроздановска со грлото „Парадисо Силвано“ во натпревар со висина на пречките од 1,15 м го освои златниот медал, а со висина на пречките од 1,10 м, второто место. Најмладата македонска претставничка, која дебитираше на меѓународната сцена, Дуковска, во натпреварот со висина на пречките од еден метар, го освои 12-то место од 39 учеснички. Тренерот Гроздановски, како и Коњичката федерација на Македонија предводена од Ристо Јосифовски искажаа задоволство од постигнатите резултати на сите македонски претставници.