Акту­ел­ни­от свет­ски пр­вак Маг­нус Карл­сен на го­ди­наш­ни­от си­лен ша­хов­ски тур­нир, кој во де­вет ко­ла се игра во нор­ве­шки­от град Ста­ван­гер, се чи­ни де­ка е во нај­до­бра форма. Во 3-то ко­ло, тој го по­бе­ди и искус­ни­от Ер­ме­нец Ле­вон Аро­ни­јан по 31 оди­гран потег и на на­чин својс­твен са­мо за Нор­ве­жа­не­цот. Ова е не­го­ва вто­ра по­бе­да по три изминати ко­ла, до­де­ка дру­ги­те че­ти­ри пар­тии, ка­ко во 1-то, 2-то и 3-то ко­ло, за­вр­ши­ја ми­ро­љу­би­во, што го пра­ви Карл­сен уште на шест ко­ла до кра­јот го­лем фа­во­рит за триумф на тур­ни­рот, кој ше­сти пат се игра.

На ми­на­ти­те два тур­ни­ра во Ста­ван­гер, Карл­сен се чи­ни по­ве­ќе се бо­ре­ше со сво­ја­та „до­маш­на пред­ност“, откол­ку со ри­ва­ли­те. Но, го­ди­на­ва, Нор­ве­жа­не­цот очиг­лед­но дека е во од­лич­на фор­ма пред до­маш­на­та пуб­ли­ка, а тоа за­се­га го по­ка­жу­ва и остваре­ни­от ре­зул­тат на шаховската табла.

Во 1-то ко­ло тој по­ка­жа си­лен стра­те­ги­ски пер­фор­манс про­тив Аме­ри­ка­не­цот Фа­би­ја­но Ка­ру­а­на, не­го­ви­от иден про­ти­вкан­ди­дат на прет­стој­ни­от меч за ти­ту­ла­та свет­ски првак, кој ќе сле­ду­ва во но­ем­ври, го­ди­на­ва во Лон­дон, до­де­ка во 2-то ко­ло, пак, лес­но со цр­ни фи­гу­ри му кон­три­ра­ше на Ру­си­нот Сер­геј Кар­ја­кин, не­го­ви­от прет­хо­ден противкан­ди­дат за СП, меч што се оди­гра во Њу­јорк.

Карл­сен е и во­деч­ки ша­хист спо­ред по­стој­ни­от реј­тинг со блиц (2.939 реј­тинг-по­е­ни), за­бр­за­но (2.880) и кла­сич­но (2.843) тем­по на раз­мис­лу­ва­ње. Зад не­го во кла­си­чен шах е ток­му не­го­ви­от кон­ку­рент за ти­ту­ла­та свет­ски пр­вак Ка­ру­а­на (2.816).

РЕЗУЛТАТИ 3. ко­ло:

Ананд – Динг ре­ми, Карл­сен – Арон­и­јан ре­ми, Ма­ме­ѓа­ров – Кар­ја­кин ре­ми, Со – На­ка­му­ра ре­ми, Ва­шер-Ле­грев – Ка­ру­а­на ре­ми.

ТАБЕЛА: Карл­сен 2,5, Кар­ја­кин, Динг, На­ка­му­ра, Ма­ме­ѓа­ров, Ва­шер-Ле­грев, Со, Ананд си­те по 1,5, Ка­ру­а­на и Аро­ни­јан по 1 по­ен.

Г.И.