Европската вселенска агенција (ЕСА) пронајде нов метод за пронаоѓање на локации со најдобриот и најсвеж снег, на кој потоа би се одржувале скијачки трки, пренесува Меѓународната скијачка федерација (ФИС).
Агенцијата констатирала дека најсвежиот, најлесен снег со снегулки со микроскопска големина најдобро одбиваат светлика. Според сознанијата на ЕСА, постариот снег има тендеција да ја губи својата гранулација и можност за одбивање на сончеви зраци или пониско албедо – мерка за количество на радијација кое се одбива кон вселената од површината на земјата.
Иако ова најново сознание ќе овозможи на скијачите и сноубордерите преку сателитите за временска прогноза полесно да го наоѓаат најдобриот снег во иднина, главниот интерес на ЕСА е мерење на влијанието на климатските промени.