ТЕНИС
Британецот Енди Мареј доби покана, т.н. вајлд-карта, за настап на одложениот за февруари прв тениски гранслем-турнир во годината, Австралија опен, во Мелбурн. Петкратниот вицешампион настапи на тој турнир во 2019 година, кога загуби во пет сета од Шпанецот Роберто Баутиста Агут, во првото коло.
– Го пречекуваме Енди назад во Мелбурн со раширени раце – рече директорот на турнирот Крег Тили, пренесе „Би-би-си“.
Мареј сега е на 122-то место во светот и е рангиран премногу ниско за да добие директен влез на турнирот, што треба да почне на 8 февруари. Мареј беше во можност да одигра само седум официјални натпревари годинава поради долготрајната повреда на карлицата и петмесечната пауза во светот на тенисот поради пандемијата на коронавирусот.