Ова е само една од многуте епизоди во историјата на тенисот, кои придонесоа за непосредна елиминација на познатите играчи
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, светски рекет број еден во светот, беше дисквалификуван на гранслем-турнирот САД опен, во Њујорк, кој е во тек, откако со топчето ненамерно ја погоди линиската судијка за време на неговиот меч со Шпанецот Пабло Карено Буста, при резултат 5-6 за ривалот во првиот сет.
Ова е само една од многуте епизоди во историјата на тенисот, кои придонесоа за непосредна елиминација на познатите играчи, пишува „Еуроспорт“.
ЏОН МЕКИНРО – АВСТРАЛИЈА ОПЕН 1990
За време на неговиот последен 16-ти натпревар со Швеѓанецот Микел Пернфорс, Американецот прво му се закани на линискиот судија, заработувајќи опомена, за во четвртиот сет да промаши форхенд и да го фрли рекетот на земја, повторувајќи го тоа додека тој не се скрши. Уште несреќен, Џон Мекинро му се спротивстави на судијата, по што му беше изречено трето предупредување, по што беше дисквалификуван. Подоцна тој изјави дека не знаел за промената на правилото, односно дека тоа следувало по три, а не четири опомени.
ТИМ ХЕНМАН – ВИМБЛДОН 1995
Британскиот тенисер Тим Хенман во игра на машки двојки со Џереми Бејтс, во 1-то коло се соочи со Џеф Таранго и со Хенрик Холм. Хенман во еден момент нервозно го удри топчето при што ненамерно го погоди девојчето за собирање топчиња. Тој подоцна на теренот протестираше дека е невин, но штетата веќе беше направена.
ГУСТАВО КУЕРТЕН – РОЛАН ГАРОС 1998
Бразилецот, играјќи во двојки заедно со сонародникот Фернандо Мелигени против шведско-австралиската двојка Јонас Бјоркман и Пат Рафтер, го фрли својот рекет во правец на главниот судија. Иако судијата го избегна рекетот, сепак еден гледач беше погоден зад него. Густаво Куертен и Мелигени беа веднаш дисквалификувани од турнирот во игра на двојки.
ХAВИЕР МАЛИС – МАЈАМИ МАСТЕРС 2005
Белгиецот Хавиер Малис водеше против Шпанецот Давид Ферер, кога беше обвинет за навреда на линискиот судија, а потоа и дисквалификуван.
– Како можете да ми го направите тоа, јас ништо не сторив – беснееше тој, притоа кршејќи два рекета.
СЕРЕНА ВИЛИЈАМС – САД ОПЕН 2009
Американката веќе доби предупредување за кршење на рекетот за време на финалето со Белгијката Ким Клајстерс, откако беше опомената од судијата дека згазнала со стапалото на линијата при вториот сервис. Серена му пријде на службеното лице и му рече: „Се колнам дека ќе го земам топчето и ќе го забијам во вашето грло“. Таа беше на два поена пред поразот пред грешката, а досудувањето на оваа казна значеше дека Клајстерс е прогласена за шампионка.
ДAВИД НАЛБАНДИЈАН – ТУРНИР КВИНС 2012
Аргентинецот ги изгуби нервите за време на финалето против Хрватот Марин Чилиќ и го шутна рекламното пано што ја криеше ногата на линискиот судија. Неизбежен епилог – Налбандијан беше дисквалификуван, му беше изречена максимална парична казна, а беше распрашан и од полицијата.
ДЕНИС ШАПОВАЛОВ – ДЕЈВИС-КУП 2017
Се играше полуфиналето на Дејвис-купот кога Канаѓанецот Денис Шаповалов се соочи со Британецот Кајл Едмунд во решавачкиот гем. Во еден момент 17-годишниот Шапалов нервозно го тресна топчето, кое заврши во окото на главниот судија, со тоа ставајќи крај на соништата на Канада за освојување на овој вреден трофеј. Францускиот судијата Арнo Габас имаше операција по фрактурата на коската, иако подоцна Шаповалов инсистираше дека оттогаш и двајцата станале добри пријатели.