Две лица кои трчаа на полумаратонот во Кардиф, Велс, починаа по завршувањето на трката, соопшти организаторот на „Трчај за Велс“.
Според англиските медиуми смртта кај 20-годишниот и 30-годишниот тркач е застој на работа на срцето.
– Ова е огромна трагедија. Најдлабоко сочувство за нивните семејства и пријатели. Сите оние кои учествуваа на трката се потресени, изјави за Би-Би-Си Мет Њуман, извршниот директор на хуманитарната организација „Трчаме за Велс“ (Рun 4 Wales).