Таеквондистот Дејан Георгиевски ќе го носи македонското знаме на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио. Тој избори олимписка норма минатата недела на квалификацискиот турнир во Софија.
Оваа информација на Фејсбук ја објави неговиот тренер Дарко Костовски.
– Денеска е ден на Македонското знаме! Почитувани, со посебно задоволство сакам да ве известам дека нашиот олимпиец Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонскиот олимписки тим на олимписките игри во Токио – објави Костовски.
Георгиевски е првиот македонски таеквондист кој успеал да обезбеди олимписка норма.
Во Софија доминираше во категоријата до 87 килограми, а нормата ја избори со убедливата победа 13-6 над актуелниот олимписки шампион Радик Исаев од Азербејџан.
Георгиевски е вториот втор спортист од Македонија со обезбедена олимписка норма, претходно тоа го направи борачот Могамедгаџи Нуров.
ЛОИ во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август.