Утре со почеток во 10 часот, според план-календарот на Федерацијата за коњички спорт на Македонија, коњичкиот клуб „Анималс“ од Скопје, на терените во населбата Дрма, кај Идризово, ќе го одржи вториот „Мајски коњички турнир” и 1-то коло од Отвореното првенство на Македонија во прескокнување на пречки за 2021 година.

На програмата се четири натпревари во прескокнување на пречки во класите А, Б, Ц и Д, со висина на пречките од 0,90 м., 1.10м., и 1,20 м.

Г.И.