Македонските џудисти имааа прилика да ги слушнат искуствата на гостите од Србија

Претставниците од македонските џудо клубови имаа прилика да ги слушнат искуствата на истакнатите имиња на овој спорт, Србите Светозар Отиќ и Владан Гачиќ, на стручниот семинар за џудо тренери и џудо судии што се одржа викендов во Прилеп.

Интернационалниот судија Отиќ и тренерот и интернационален судија Гачиќ го водеа семинарот на кој учествуваа околу 50 спортски работници – тренери и судии од сите клубови кои се членки на Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ).

Семинарот за обновување на лиценците за натпреварувачката 2020 година беше организиран од ЏФМ.

 

.