Директорот на Формула 1 тимот на Мерцедес, Тото Волф изјави дека трката за Големата награда на Монако не одговара на болидите на неговиот тим.
Минатата сезона на патеката во Монте Карло возачите на Мерцедес имаа слаб пласман, при што Валтери Ботас беше четврти, а актуелниот светски шампион Луис Хамилтон заврши дури на седмата позиција.
– Минатата година увидовме дека патеката не одговара на нашите болиди. Меѓутоа, тешко е да се зaмени структурата на болидите, но факт е дека во Монако, Будимпешта и Сингапур не остваривме добри резултати. Тоа ќе биде голем предизвик за нас да го надминеме оваа година. Се уште не сме откриле поради што нашиот болид не е брз во свиоците и тоа навистина не загрижува – истакна Волф.
Шампионатот во Формула 1 продолжува следниот викенд со трката за Големата награда на Монако.