Да бидам искрена, сакав само да добијам неколку милји во меѓудржавната внатрешна регата. Немав намера да соборам рекорд, едноставно си ставив слушалки со музика, ја наместив посакуваната должина од 21 км и почнав, вели австралиската веслачка Георгина Роув (27)
Пандемијата на коронавирусот ги запре спортот и спортските натпреварувања низ светот, но не ги спречи спортистите во домашна изолација да продолжат уште помотивирано да работат на подобрување на своите перформанси. Одличен пример за тоа е австралиската веслачка Георгина Роув (27), членка на репрезентативниот осмерец, која на машина за веслање поставила нов светски рекорд во полумаратон.
Патеката долга 21,097 км Роув ја извеслала за време од 1:19:28,40 час што е побрзо од досегашниот светски рекорд (1:20:12,10 секунди), кој беше во сопственост на Американката Естер Лофгрен, членка за златниот олимписки осмерец од Летните олимписки игри во Лондон во 2012 година.
Роув била дел од национална програма за обука, дизајнирана да ја пополни празнината настаната поради коронавирусот, поради кој беа откажани сите националните првенства. Веслачката федерација на Австралија организирала натпревар во веслање во затворено, за веслачи од различни земји, кои се натпреварувале едни против други на машини за веслање во своите домови.
Кога почнала со веслањето во својот дом, Роув немала намера да собори рекорд, едноставно сакала да направи добар тренинг.
– Да бидам искрена, сакав само да добијам неколку милји во меѓудржавната внатрешна регата. Немав намера да соборам рекорд, едноставно си ставив слушалки со музика, ја наместив посакуваната должина од 21 км и почнав – изјави Роув за АБЦ.