Велосипедистот Андреј Петровски е победник на меѓународната трка во Црна Гора која се оддржа изминатиов викенд.

На трката која што се возеше во категоријата Елит велосипедистите возеа во две етапи со вкупна должина од 230 км (2х115км), а учествуваа 17 велосипедски екипи со над стотина велосипедисти од вкупно 12 држави меѓу кои покрај домаќинот Црна гора и од Англија, Холандија, Уганда, Етиопија, Сиера, Леоне, Грција, Бугарија, Хрватска, БиХ, Словенија и од Македонија.

Трката на која што екипен победник стана ВК Блед од Словенија ја одбележа настапот на најдобриот македонски велосипедист Андреј Петровски, кој на трката победи и во двете етапи со што успеа да ги освои сите можни награди (маици) на трката односно жолтата, точкестата (симбол на најдобар велосипедист на ридските цели) и белата маица (како симбол за најмлад велосипедист на трката), што навистина многу ретко се случува на велосипедските трки, но исто така и во кариерата на еден велосипедист.

Инаку во наредните денови велосипедистите од клубот Вело-М Термалифт од Куманово, членови на велосипедската репрезентација на Македонија ги очекува настап на велосипедската трка „Тур д Србија“ во Република Србија.

Т.Д.