Македонскиот ФИДЕ-мајстор (ФМ) Роберт Велески го освои петтото место на Европското првенство (ЕП) во шах за играчи-аматери со рејтинг до 2.300 поени, кое се одржа во црногорскиот град Никшиќ, во девет кола.
Во конкуренција на 55 шахисти (8 ФМ, 2 ЖФМ, 1 КМ), Велески (рејтинг 2.225 поени, петти пред почетокот), освои 6 поени (пет победи, две ремија, два пораза) и нови 9,6 рејтинг-поени, односно се пласираше таму каде беше рангиран и пред стартот.
Вториот македонски претставник, ФМ Љубомир Хаџи-Манев (2.049, рангиран 29-ти) со 3,5 поени (една победа, пет ремија и пет порази), го освои 47-то место.
Љубомир Хаџи-Манев
На ЕП победи Турчинот Озгун Шахин (2.166, рангиран 15-ти на турнирот) со 8 поени (седум победи и две ремија).
Г.И.