Тој во дополнителната армагедон-партија го совлада својот сонародник Аниш Гири, откако и двајцата имаа по 8,5 поени

ШАХ – ТУРНИР ВО ВАЈК АН ЗЕ

Холандскиот велемајстор (ВМ) Џорден ван Форест со 8,5 поени, изненадувачки, триумфира на 83-то издание на шаховскиот турнир Вајк ан Зе, еден од најстарите во светот, откако го победи својот сонародник Аниш Гири во дополнителната армагедон-партија (белиот има пет, а црниот четири минути, но и со реми, црниот освојува цел поен, н.з.). Првите две партии од по пет минути завршија со реми. Со тоа Ван Форест (2.671 рејтинг-поени, 66-ти во светот), а тука рангиран 11-ти, стана првиот Холанѓанец што победил на овој турнир, по Јан Тиман во 1985 година. Трет заврши Русинот Андреј Есипенко, со 8 поени.

Во последното, 13-то коло, Гири оствари тешко реми против Шпанецот Давид Гуљаро, со што им даде шанса на тројца играчи да го стигнат, но Фабијано Каруана и Алиреза Фирузја мораа да се задоволат со реми. Првиот фаворит, светскиот првак, Норвежанецот Магнус Карлсен, го победи Максим Вашер-Леграв, но тоа беше доволно за 6-то место, со што не успеа по осми пат да победи тука, каде што е и рекордер по бројот на триумфи.
– Гири одигра одличен турнир и навистина заслужи да победи. Мислам дека можеше да ги добие и двете партии со брзо темпо, но јас бев подобар во третата. Јас сум на врвот на светот, не можам да се чувствувам подобро – рече среќниот Ван Форест, кој првпат во својот кариера достигна рејтинг од 2.700.
Резултати од 13-то, последно коло: Карлсен – Вашер-Леграв 1-0, Гуљаро-Гири реми, Дуда – Харикришна реми, Вирузја – Војташек реми, Ван Форест – Гранделиус 1-0, Донченко – Есипенко 0-1, Тари – Каруана реми.
Финална табела: Ван Форест (2.671) и Гири (2.764) со по 8,5 поени, Есипенко (2.677), Каруана (2.823) и Фирузја (2.749) со по 8, Карлсен (2.862) 7,5, Харикришна (2.732) 6,5, Тари (2.625), Грандилиус (2.663) по 6, Дуда (2.743) 5,5, Војташек (2.705), Гуљаро (2679) и Вашер-Леграв (2.784) со по 5, Донченко (2.668) со 3,5 поени.